Украинската тенисерка Елина Свитолина го поддржа Новак Ѓоковиќ и неговото право да го каже своето мислење, откако Србинот предизвика бура реакции откако на камерата на Ролан Гарос напиша: „Косово е срцето на Србија“.
Свитолина, која честопати зборуваше за руската инвазија на Украина, смета дека на спортистите треба да им биде дозволено јавно да зборувааат за политички теми, иако Ѓоковиќ беше критикуван од француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера, а од Косовскиот олимписки комитет побараа тој да биде казнет.
„Живееме во слободен свет, така што зошто да не си го кажете своето мислење? Мислам дека ако верувате во нешто, ако мислите дека тоа е начинот, тогаш треба да зборувате. Зошто да не? Тоа е дел од човечкиот живот, политика, спорт, различни работи“, вели Свитолина, која влезе во третото коло со 2:6/6:3/6:1 победа над Сторм Хантер.
Свитолин неодамна се врати на тенисот по долга пауза во која го доби првото дете во бракот со францускиот тенисер, Гаел Монфис.
„Сега се обидувам да се мислам на борбениот дух кој го имаме ние Украинците и како се бориме за нашите вредности и нашата слобода. Јас се борам тука во тенисот, на мојот фронт“, вели Свитолина, која во следното коло игра со Русинката Ана Блинкова.