Дани Алвеs без размислување ја прифати понудата да се врати во Барселона, од поранешниот соиграч Чави, кога тој беше промовиран во тренер на славниот клуб. 38-годишниот фудбалер, за да му помогне на клубот во кој ги мина најдобрите моменти од кариерата, прифати да игра за минимална плата која ја пропишува шпанскиот закон.
Дани Алвес се врати да и помогне на Барселона да избори место во Лигата на шампионите и да го освои трофејот во Лига Европа.
Не го криел разочарувањето кога дознал дека Чави не го пријавил за ова натпреварување.
Барселона во преодниот рок се засили со Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг, Дани Алвес пред сите нив му се приклучи на тимот. Според правилата на УЕФА, на полу-сезоната секој клуб може да регистрира најмногу тројца нови играчи.
„Алвес не е задоволен од одлуката да не биде регистриран за Лига Европа. Му се налутил на тренерот Чави“, пишува „АС“.
Во јануари, Алвес, настапи на четири натпревари, забележа две асистенции.
Барселона во 1/16-финалето, во Лига Европа, ќе игра против Наполи. Првиот натпревар ќе се одигра на 17.февруари во Барселона, реваншот во Неапол е седум дена подоцна.