Top Sport

Дани Алвеш бара работа

Дани Алвес човек со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот, викендов реши да бара работа.

Бразилецот, кој како капитен го предводеше Бразил до титлата на Копа Америка е слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Интерес за услугите на 36 годишниот десен бек има, но никој не испратил конкретна понуда. Поради тоа Алвес решил сам да бара работа.

„Барам работа, каде да испратам ЦВ? Доколку не ви е тешко да читате јавете ми се“, напишал на својот профил на „Инстраграм“.

Оваа шега наишла на одобрување кај неговите пријатели.

Алвеш кариерата ја започнал во Баија, а потоа преку Севилја, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен стана најтрофејниот играч во историјата на фудбалот. Вклучувајќи го ис успехот со Бразил тој во кариерата има освоено 40 трофеи.

 

View this post on Instagram

 

Busco emprego, onde coloco meu currículo? Alguém me avisa aí se tem tempo de ler!! ??? #GoodCrazyMood

A post shared by DanialvesD2 My Twitter (@danialves) on

Scroll to Top