Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Дани Алвеш покажа дека „мултиталентиран“ откако ги облече „штиклите“ на неговата прекрасна сопруга Жоана Санз пред модната недела во Париз.
Алвеш сподели видео на својот Инстаграм профил облекувајќи високи потпетици и покажувајќи дека добро се снаоѓа.
„Ова е модна недела, така што сум подготвен да ја заменам мојата Жоана. Извини, но не извини“, напиша Бразилецот.
Бидејќи неговата сопруга е модел, Алвеш очигледно има доволно искуство околу модните писти, а минатиот септември заедно со клупскиот колега и сонародник Нејмар беа модели при една ревија на „Версаче“.