Каталонската полиција ги истражува обвинувањата кон бразилскиот ветеран Дани Алвеш за наводен сексуален напад кој се случил во ноќниот клуб „Сатон“ во центарот на Барселона. Алвеш засега не одговори на обвинувањата.
39-годишниот поранешен фудбалер на Барселона, кој сега настапува за мексиканскиот УНАМ Пумас, наводно нападнал жена во ноќен клуб во раните утрински часови во петокот, јавува „Ел мундо депортиво“, по што жената побарала помош од обезбедувањето на ноќниот бар, а била повикана и полицијата.
„Каталонската полиција влезе во објектот и зборуваше со жртвата за инцидентот, додека наводниот агресор веќе си заминал од нќниот клуб“, се вели во извештајот на „Ел мундо“, кој посочува дека агентот на Алвеш ги отфрла обвинувањата.