Top Sport

Дани Алвеш повторно се збогуваше со Барселона

Ветеранот Дани Алвеш преку социјалните мрежи потврди дека ќе си замине од Барселона на крајот на месецот кога ќе истече неговиот договор.

39-годишниот Алвеш се врати на „Ноу Камп“ во ноември како слободен играч од Сао Пауло, и имаше 16 настапи во вториот престој во Барселона, постигнувајќи еден гол и асистирајќи на уште три. Меѓутоа, Барселона решија да не го продолжат неговиот договор, иако тој сакаше да остане барем до декември 2022 за да ги зголеми шансите да биде дел од бразилската репрезентација на СП во Катар.

„Драги кулес. Сега е време да се збогуваме. Би сакал да се заблагодарам на сите кои ми дадоа шанса да се вратам во Барса и да го носам овој прекрасен дрес повторно, бидејќи не знаат колку ме направија среќен. Се надевам дека на Барселона нема да им недостасува мојата лудост и дневна среќа. Се надевам едка тие кои ќе останат во Барса ќе ја сменат историјата на овој прекрасен клуб“, вели Алвеш.

Scroll to Top