Top Sport

Дани Алвеш: ПСЖ мора да ме слушаат ако сакаaт да победуваат

Бекот на Пари Сен-Жермен, Дани Алвеш вели дека ги има одговорите за постојаните проблеми на неговиот клуб и рецепт за кревање на повисоко ниво, но посочи дека мора да го „слушаат повеќе“ за да имаат успех во Европа.

Алвеш освои три титули од Лигата на шампионите со Барселона, а загуби и уште едно финале (2016/17 со Јувентус), а покрај тоа 35-годишниот ветеран има и две титули од Лига Европа со Севилја, и една титула од Копа Америка со Бразил. ПСЖ оваа сезона беше елиминиран од Манчестер јунајтед во осминафиналето на ЛШ и покрај тоа што победи со 2:0 на гости, и Алвеш, иако го пофали тренерот Томас Тухел, вели дека неговото искуство може да помогне.

„Морате да го слушате искуството и сакам да ме слушаат повеќе. Знам што можеме да оствариме, бидејќи го искусив тоа. Имам чувство дека во клубот не го знаат тоа. Знам како ќе победиме и како ќе загубиме. Сакам да ме следат, да ме слушаат“, вели Алвеш во интервју со „РМЦ спорт“.

Бразилецот посочува дека клубот го потценил Манчестер јунајтед.

„За сите тоа беше непријатно изненадување, но јас ги предупредив дека со историски клуб како Манчестер мораш да бидеш внимателен. Во Лигата на шампионите, како и во тенисот, историјата ќе биде против тебе. Томас Тухел е најдобриот трансфер кој го направи ПСЖ од моето доаѓање, бидејќи не сум видел толку умен и детален тренер. Тој ги проучува мечевите многу добро“, вели Алвеш.

Scroll to Top