Top Sport

Дани Алвеш се соочува со затворска казна до 12 години

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш се наоѓа во притвор во Барселона поради сексуален напад врз девојка кон крајот на минатата година.

Судот одлучи да го задржи Алвеш во притвор, без можност за кауција, а откако го слушна неговото и сведочењето на наводната жртва.

Сепак, екс-фудбалерот на Барселона, кој доби отказ од сегашниот клуб Пумас, се соочува со сериозна казна – затвор од 4 до 12 години.

Алвеш беше приведен на 20 јануари, откако доброволно отиде во полициска станица да сведочи за случајот.

Scroll to Top