Дани Алвеш европската кариера ја започна во Севилја. Од Андалузија направи трансфер во Барселона, а останатот е историја. Бразилецот со Барса ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
Алвеш потоа се пресели во Јувентус, каде играше една сезона, а сега е член на ПСЖ. Меѓутоа тој не бил задоволен од престојот во Париз. На пријателите им се пожалил дека таму никој не го слушал и не сакал да го користи неговото искуство.
Поради тоа се појавија информации дека Севилја бил заинтересирани да го врата на „Санчез Писхуан“ по завршувањето на договорот со ПСЖ.
Алвеш во периодот од 2003 до 2008 година со Севилја освои два трофеи во Купот на УЕФА и по еден во Купот и Суперкупот на Шпанија, односно Суперкупот на Европа.