Top Sport

Кантер го провоцира Леброн: Крал, Кралица, Принцеза (Видео)

Коментарите на Леброн Џејмс на сметка на тимот на Њујорк Никс и нивниоте избори на последниот драфт ја вжештија атмосферата на натпреварот кој Никс и Кливленд Кавалирс го одиграа во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“.

Леброн најмногу го коментирал изборот на Френк Нтиликин, а младиот играч тоа не му го прости. Тие двајца имаа „блиска средба“ за веме на мечот, а во метежот се вмеша и центарот Енес Кантер.

Натпреварот заврши со тесна победа на Кливленд 101:104, а по мечот Кантер рекол.

„Не ме интересира кој е тој! Може тој да се нарекува како сака, Крал, Кралица, Принцеза, борбата продолжува“, рекол Кантер алудирајќи на прекарот „Крал“ кој го носи Леброн Џејмс.

На новинарско прашање да го прокоментира ова Леброн кусо одговорил.

„Јас сум Крал, мојата сопруга е Кралица, а мојата ќерка е Принцеза. Имам се. Победивме, нема да наседнувам на провокации…не сакам ниту да го изговорам името на тој човек. Следно прашање“.

Scroll to Top