Top Sport

Даниеле де Роси хоспитализиран поради КОВИД!

Римскиот весник „Ил темпо“, објавува дека легендарниот поранешен капитен на Рома, а сега помошник на Роберто Манчини во италијанската репрезентација, Даниеле де Роси имал позитивен тест на КОВИД-19 и во посериозна состојба е хоспитализиран во болницата „Спаланцани“.

Тој првпат бил позитивен по собирањето на италијанската репрезентација за мечевите од квалификациите за Светското првенство, кога се појавија повеќе позитивни случаи во италијанскиот тим.

Де Роси беше именуван за еден од техничкиот состав на Манчини минатиот месец, откако претходно ја прекрати фудбалската кариера по авантурата во Аргентина со Бока јуниорс.

Scroll to Top