Top Sport

Роналдо редовно ги гледа своите видеа на Јутјуб, откри кое му е најомилено

Иако многу од фудбалерите би биле премногу горди да признаат дека се „проверуваат“ на Јутјуб, тоа не е случај со единствениот Роналдо Назарио, или како што постарите фудбалски фанови го знаат „оригиналниот“ Роналдо.

„О Феномено“, двократниот освојувач на „Златната топка“ и светски шампион со Бразил, е сметан за еден од најдобрите фудбалери на светот со настапите за ПСВ, Барселона, Интер и Реал Мадрид, а неговата способност со топката го правеше неверојатна опасност за противничките голмани, но и вистинско уживање за гледање.

Секој кој барем малку сака фудбал, видел некое негово видео во кое ги покажува квалитетите, а сега, во интервју за „Спортс илустрејтед“ тој признава дека и самиот го прави тоа, и откри кое му е омиленото.

„О, да, речиси секоја година. Сакам да ги гледам сите. Има едно кое ми е посебно омилено. Некој направил видео со мои 256 ‘кањос’ (протнување меѓу нозе). Не се сеќавам дека сум направил толку. Во тоа видео навистина уживам“, вели Роналдо.

Се работи за видео од шест минути неверојатна магија, иако има само 12.000 прегледи.

И уште едно бонус!

Scroll to Top