Медијаторот на ФИФА, кој помогна Боби Данкан да го направи трансферот од Ливерпул во Фиорентина, вели дека младиот англиски фудбалер сакал да си замине од клубот бидејќи неговиот братучед Стивен Џерард не се согласува со сегашната управа на клубот.
18-годишниот Данкан си замина од „Енфилд“ за 500.000 евра по јавната војна со Ливерпул, откако неговиот агент ги обвини европските шампиони дека сакаат да му го уништат животот на фудбалерот.
„На почетокот, не знаевме што сакаа Ливерпул со момчето и дали е можно да се преговара. Прво се споменуваше сума од 5-6 милиони евра. Тој е братучед на Џерард, но беше поставен во ваква ситуација бидејќи Џерард не се согласува со клубот. Потоа се договаравме за позајмица, но тој беше упорен во тоа дека сака да си замине. Се работи за голем талент“, вели медијаторот, Винченцо Морабито.