Top Sport

Хабиб ќе добие 6 милиони долари за саботниот меч!

Хабиб Нурмагомедов ќе добие фантастични 6 милиони долари за одбраната на титулата во лесна категорија на УФЦ 242 против Дастин Поарие, едно од најголемите исплати во ММА историјата, со што уште еднаш ја потврдува својата улога на прва ѕвезда на спортот.

30-годишниот Нурмагомедов доби 2 милиони долари за победата над Конор Мекгрегор на УФЦ 229 минатиот октомври, а сега неговиот татко и тренер, Адбулманап вели дека сега ќе добие најмалку тројно повеќе.

„Ќе заработиме три до три и пол пати повеќе од претходниот меч. Веќе не се бориме за ситни пари, знаеме колку вредиме. Тоа не е доволно, бидејќи сега сме најдобрите. Ги победивме најдобрите и сега сме подготвени и популарни“, вели Адбулманап Нурмагомедов за руската новинска агенција „ТАСС“.

Непоразениот Хабиб на отворениот тренинг во средата изјави дека Поарие е „многу тежок противник“.

„Не сакам да го потценам, бидејќи има големо искуство. Но, кога ќе влеземе во кафезот почитта завршува и планирам да го уморам и да го победам“, изјави Хабиб.

Scroll to Top