Данската фудбалска федерација (ДБУ) објави дека е постигнат нов колективен договор со женската репрезентација по бојкотот кој придонесе за откажување на квалификациски меч за СП против Шведска во октомври.
Данките, кои загубија со 4:2 во финалето на Евро 2017 од Холанѓанките, ќе добијат 180 проценти покачување во инвестициите во женскиот фудбал, во платите и во школарините кои се достапни, а ќе добијат и други поволности.
„Среќни сме што со новиот договор можеме да обезбедиме зголемени инвестиции и постојан развој на данскиот женски фудбал во следните четири години,“ вели претседателот на ДБУ, Ким Халберг.
Борба за женска еднаквост – Данките одбиваат да играат без пари