Top Sport

Данска и Тунис го одиграа првиот меч без голови на СП

Имаше возбудувања, но изостанаа голови. Данска и Тунис го одиграа првиот натпревар без голови на Светското првенство во Катар.

Данците важеа за фаворити, но не успеа да го наметнат тоа и на теренот. Можеби и беа подобри во поле, но не се затресе мрежата на Тунис.

Во 71.минута, Андреас Корнелиус ја погоди стативата, претходно и Кристијан Ериксен имаше убава шанса, но Данска остана без постигнат погодок на премиерата на Мундијалот во Катар.

Scroll to Top