Данскиот селектор, Оге Хареиде вели дека неговиот тим го направил тоа што било потребно за да освои поен во ужасното 0:0 реми со Франција, по кое двете репрезентации се во осминафиналето.
Тоа беше првиот меч без голови по 36 дуели во Русија, и двете репрезентации не беа заинтересирани да напаѓаат бидејќи резултатот одговараше на двата тима, а Австралија веќе беше елиминирана по 2:0 поразот од Перу.
„Ни требаше еден поен, така? Игравме против еден од најдобрите тимови во контра-напади. Ќе беше глупаво да се отворевме. Игравме на резултат и тоа е тоа“, вели Хареиде.
Фановите на двете репрезентации ги „почестија“ фудбалерите со свирежи.
„За мојот тим ова е прекрасно. Целта беше да дојдеме тука и да ја поминеме најтешката група на Мундијалот. Тимот кој освои само три поени, Перу играше најдобар фудбал“, признава Хареиде.
Фото: ЕПА
Свирежи за Франција и Данска по „пријателско“ реми на „Лужники“