Синот на Сер Алекс Фергусон, тренерот на Донкастер, Дарен Фергусон се заблагодари на поддршката која легендарниот тренер на Манчестер јунајтед ја доби од фудбалската заедница по мозочниот удар.
Фергусон во петокот беше однесен во болница и неколку дена беше во медицински индуцирана кома, но во четвртокот, Манчестер јунајтед потврди дека тој веќе не е на одделот за интензивна нега.
„Во мое име и во името на моето семејство, би сакал да се заблагодарам на огромниот број на луѓе кои беа доволно добри да пратат порака на поддршка во ова тешко време. Беше прекрасно да се почита колку многу луѓе размислуваат за мојот татко и му посакуваат брзо опоравување. Исто така сакам да се заблагодарам на луѓето во болницата во Меклсфилд и во Салфорд, кои завршија одлична работа. Посакуваме приватност во оваа клучна фаза на опоравување“, изјави Дарен Фергусон.