Матео Дармијан ќе го напушти Манчестер јунајтед на 19.мај, по завршувањето на финалниот меч во ФА купот против Челси, а ден подоцна ќе потпише за Јувентус.
Италијанскиот репрезентативец по три години се враќа во Торино, меѓутоа овојпат ќе го носи дресот на „Старата дама“.
Оваа сезона Дармијан има одиграно само шест натпревари за Манчестер јунајтед.
Матео Дармијан подеднакво добро се снаоѓа на двете бековски позиции, тој ја минал школата на Милан. За „росо-нерите“ има одиграно шест натпревари, а преку Парма и Палермо, стигна до Торино тим во кој се стекна со репрезентативен статус и откаде замина во Манчестер јунајтед.