Top Sport

Маран повеќе не е тренер на Киево

Фудбалскиот клуб Киево од Верона му врачи отказ на тренерот Роналд Маран. Лошите резултати му пресудија на Маран. Киево нема победа на последните шест натпревари во Серија А.

Роберто Маран не успеа да ја заврши четвртата сезона на клупата на „летечките магариња“. Во претходните три тој успеваше да избори опстанок во лигата.

Клубот соопшти дека екипата во последните три кола ќе ја води поранешниот капитен, сега тренер на младиот тим, Лоренцо Д’Ана.

Киево се наоѓа во опсната зона со само 31 освоен бод. Во последните три кола, Киево, ќе игра дома против Кротоне и Беневенто и ќе гостува во Болоња.

Scroll to Top