Top Sport

Дарвин Нуњез одбил да се пресели во Вест Хем

Дарвин Нуњез нема намера да се пресели во Вест Хем. Уругваецот ја „спуштил рампата“ на договорениот трансфер помеѓу Вест Хем и Бенфика. „Чеканите“, биле подготвени да го урнат клупскиот рекорд, за Нуњез понудиле 54.000.000 евра.

Нуњез игра одлично оваа сезона, веќе стигна до бројката од 20 голови во сите натпреварувања. Без размислување го одбил трансферот, Бенфика ќе ја напуштел по завршувањето на сезоната, намерата му е да се пресели во клуб што ќе игра во Лигата на шампионите.

Вест Хем се во панична потрага по напаѓач, бидејќи класична деветка во тимот на Дејвид Мојс е само Мајкл Антонио.

Scroll to Top