Top Sport

Монти Вилијамс ќе го предводи „Тимот Леброн“ на Ол-стар натпреварот

Тренерот на Финикс Санс, Монти Вилијамс, ќе го води „Тимот Леброн“, на Ол-стар натпреварот во Кливленд.

Екипите на Ол-стар натпреварот ги предводат тренерите на најдобрите екипи во конференциите, заклучно со 6.февруари. Со победата над Сан Антонио, стана јасно дека Финикс Санс ќе бидат први на Западот и по 6.февруари.

Финикс се најдобриот тим во лигата со 40 победи и девет порази.

Вилијамс ќе биде првиот тренер на Санас, по мајк Дентони и сезоната 2006/07, кој ќе биде тренер на Ол-стар натпреварот.

Тренерот на „Тимот Дурент“ ќе биде познат по 6.февруари. Познато е само дека тоа не може да биде Док Риверс од Филалделфија, бидејќи тој лани беше на Ол-стар натпреварот.

Scroll to Top