На „Енфилд Роуд“ би можело брзо да пристигне првото големо засилување. Дарвин Нуњез ги сите лични услови со Ливерпул, кој веднаш ја испрати и првата понуда до Бенфика. Уругваецот ги договорил лични услови, а Ливерпул веднаш испратил понуда која гласи – 80 милиони евра и 20 дополнителни милиони преку бонуси.
Се очекува Бенфика да одговори позитивно и најверојатно да ја прифати понудата на Ливерпул, бидејќи тоа е сумата, со бонуси, која клубот ја бараше од почетокот – 100 милиони евра.
Доколку Бенфика и Ливерпул се договорат, ова ќе биде најголемиот трансфер во историјата на англискиот клуб, бидејќи рекордот досега го држеше Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот во зимата 2018 година пристигна од Саутемптон за 84 милиони евра.