Давид Алаба третпат по ред, а вкупно деветти пат во кариерата е избран за австриски фудбалер на годината. Дефанзивецот на Реал Мадрид во изборот на австриската новинска агенција АПА ги победи Марко Арнаутовиќ од Болоња, Конрад Лајмер од Лајпциг и Гернот Траунер од Феенорд.
Алаба доби вкупно 58 поени во изборот, додека Арнаутовиќ на второто место собра 16 поени. Третото место го поделија Лајмер и Траунер кои добија по седум поени.
Тој минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и шпанското првенство. Од 2008 година до минатата година беше член на германскиот гигант Баерн Минхен.