Фудбалерот на Арсенал, Давид Луиз го добил судскиот случај против бразилска градежна компанија која користеше фотографија од него во солзи по 7:1 поразот од Германија на СП во 2014.
Во можеби најлегендарниот меч во историјата на Светските првенства, Бразил дома загуби со 1:7 од подоцнежниот шампион Германија и компанијата „Вимејк конструктоес“ ја искористи фотографијата на Луиз во солзи со зборовите: „Кога ќе ангажираш аматери да се грижат за соништата на твоето семејство, речиси сигурно губиш со 7:1“.
Адвокатите на Луиз успеале да докажат дека се работи за сензационалистичка реклама во која се навредува Луиз, и тој добил отштета од 5.800 долари.