Top Sport

Давид Луиз го откри разговорот со Лампард по кој си замина од Челси

Давид Луиз потврди дека „искрениот“ договор со новиот прв човек на Челси, Френк Лампард и „различните размислувања“ околу иднината на тимот го натерале да замине од „Стемфорд бриџ“ и да потпише со Арсенал.

32-годишниот Бразилец го комплетираше контроверзниот трансфер од 8 милиони фунти во лондонскиот ривал, каде што ќе има важна улога по заминувањето на капитенот Лорен Косиелни во Бордо.

„Беше задоволство да се дебитира за Арсенал. Ова е нов предизвик во мојата кариера, каде што решив да се борам за нови работи и да уживам во тенисот. Кога разговарав со Френк Лампард, тој имаше поинаков план за сезоната. Бевме искрени и сфатив дека јас имам целосно различни размислувања. Добив понуда од голем клуб и решив да ја прифатам“, изјави Луиз.

Се верува дека ако Луиз останеше во Челси, најверојатно ќе беше дури четврти избор во клубот за кој имаше 248 настапи. Курт Зума и Андреас Кристенсен ја имаат довербата на Лампард додека Антонио Ридигер полека се опоравува од повредата.

Scroll to Top