Top Sport

Вернер одбил нов договор со Лајпциг, го чека Баерн

Германскиот „Билд“ тврди дека Тимо Вернер ги одбил сите понуди на РБ Лајпциг за продолжување на договорот со значително зголемување на платата, бидејќи веќе следното лето може да си замине како слободен фудбалер во Баерн Минхен.

23-годишниот Вернер го сметаат за еден од најталентираните германски фудбалери, но тој има само уште една година договор со источногерманскиот клуб, и најверојатно никој нема да ги плати 40-те милиони милиони евра кои ги бара клубот на Ред бул.

Реал Мадрид, Ливерпул, ПСЖ, Рома, Наполи, Валенсија и Интер во минатото покажуваа интерес, но се верува дека Вернер сака само во Баерн Минхен.

Scroll to Top