Top Sport

Кузнецова: Во Русија велиме – нема да ги носиш парите во гроб

Поранешната гренд слем шампионка, Светлана Кузнецова вели дека секојдневно се бори со рускиот менталитет околу парите и богатството.

„Во Русија велиме: верувај денеска, а не утре. Така што и да ги имаш сите пари, ќе ги потрошиш денеска. Велиме не ги носиш парите во гроб и затоа треба да уживаш во животот. Одиме до крај. Мислам дека тоа е во нашата култура, во нашата ДНК. Ако живееш во Русија и деновите се тешки, нормално дека сакаш нешто добро денеска, наместо да видиш што ќе се случи утре. Дали јас  живеам така? Тешко е, се борам против тоа. Како ангел и уште еден црн човек да се борат во мојата глава“, вели Кузнецова.

Таа поголем дел од својата кариера живее и работи во Шпанија, така што не и беше пријатно да ја прашаат како зборува на теренот: руски или шпански.

„Искрено не знам. Но, сфатив дека не можам да работам со луѓето кои зборуваат руски, бидејќи во главата зборувам шпански тенис. Кога руски тренер ќе ми каже нешто, не го слушам бидејќи не ме разбира. Русите не разбираат како играат Шпанците – на форхенд, со топспин. Шпанците, пак, не ги разбираат Русите. Кога дојдов во Шпанија на 14 години тие ме научија сè“, додава Кузнецова.

Scroll to Top