Top Sport

Томас Милер ги пропушта дуелите со Ливерпул

Томас Милер, поради суспензија, ќе ги пропушти двата натпревари кои Баерн Минхен ќе ги одигра против Ливерпул, во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Милер, во последното коло, во фазата по групи, доби директен црвен картон. Напаѓачот беше исклучен поради бруталниот старт врз левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико.

УЕФА објави дека, поради интензитетот на стартот, Милер добил суспензија од два натпревари. Исто така УЕФА го казнија и Баерн, парично со 8.000 евра, поради тоа што навивачите на дуелот со Ајакс користеле пиротехника.

Парична казна од 20.000 доби и Ајакс, бидејќи на истиот натпревар навивачите фрлале разни предмети на теренот.

Scroll to Top