Давид Луиз потврдува дека е тешко да се верува дека ќе продолжи да го носи дресот на Арсенал, признавајќи дека сонот му е да се врати во Бенфика, португалскиот клуб каде што направи име за себе.
Луиз направи зачудувачки трансфер од Челси во Арсенал минатото лето, со договор на една година со опција за уште една, навлекувајќи го бесот на навивачите на „сините“, а сега 33-годишниот ветеран во интервју за весникот „Рекордер“ вели дека се надева на трансфер и дека веќе преговарал со претседателот на клубот, Луис Филипе Виеира.
„Веќе разговарав за можното враќање бидејќи мојот сон е да ја завршам кариерата со Бенфика. Кога тоа ќе се случи не знам, но сигурно ќе се случи. Тоа ќе биде најубавиот момент во мојата кариера“, вели Луиз.
Тој заработува над 120.000 фунти неделно со „топчиите“, за кои имаше 32 настапи оваа сезона.