Top Sport

Давид Раја во Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал успеа да реализира уште еден голем трансфер во актуелниот преоден рок. Во северен Лондон од Брентфорд ќе се пресели голманот Давид Раја.

Раја (27), според „Скај спорт“, во понеделник треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор до 2028 година. Арсенал за неговиот трансфер ќе издвои 30 милиони евра.

Раја пристигна во Англија како тинејџер, кога потпиша за Блекбурн во 2012 година, бранеше во Саутпорт, а во 2019 година потпиша со Брентфорд.

Тој беше еден од хероите на историскиот пласман во Премиер лигата, а веќе две сезони е еден од најдобро оценетите голмани во Премиер лигата.

Затоа многумина веруваат дека Раџа би можел да има значајна минутажа, иако Рамсдејл е недопирлив под водство на Микел Артета.

Како и да е, голман од 30 милиони евра во своите најдобри години сигурно не е опција само за Куп натпреварите, па останува да се види како Артета ќе им ги подели улогите.

Раја одлично игра со бога, што е една од главните причини зошто Артета го избра и инсистираше на неговиот трансфер.

Инаку, пред Шпанецот во Арсенал пристигнаа Каи Хаверц (75 милиони евра), Деклан Рајс (116 милиони) и Јуриен Тимбер (40 милиони).

За овие четири трансфери Арсенал издвои 260 милиони евра.

Scroll to Top