Top Sport

Давид Силва уште чека на прва победа со Сосиедад

Валенсија е неочекуваниот нов лидер по некомплетното четврто коло во шпанската Ла лига, откако на тешкото гостување кај Реал Сосиедад стигна до минимална 1:0 победа.

Уругваецот Максимилијано Гомез го „прекрши“ натпреварот со голот во 75. минута по одличната акција на „лилјаците“ за втора победа во новата сезона.

Валенсија се на првото место во Ла лига со 7 поени од четири меча, пред Бетис и Гранада со 6 поени, додека за Сосиедад ова е прв пораз во новата сезона – тие се на четвртото место со 5 освоени поени.

Scroll to Top