Top Sport

Вест хем понудиле 25 милиони евра за Максимовиќ

Вест хем јунајтед понудиле 25 милиони евра на Наполи за нивниот српски дефанзивец, Никола Максимовиќ.

Договорот на Максимовиќ со клубот од „Сан Паоло“ завршува во јуни 2021 година, откако тој пристигна од Торино за 21 милиони евра во јули 2017 година, и засега нема планови да го продолжи договорот.

Според „Скај спорт Италија“, тимот на Дејвид Мојс, кој немаше најдобар старт на сезоната, сака да ја зацврсти одбраната токму со 28-годишниот Србин, кој има одиграно 73 меча во четири сезони со „партенопеи“.

Scroll to Top