Романскиот клуб Универзитатеа Крајова ќе биде новиот клуб на македонскиот фудбалски интернационалец Давид Тошевски. Тој како голем талент од Работнички направи трансфер во Ростов, но не успеа да ги исполни очекувањата.
Ростов го испраќаше на позајмици во Тамбов (Русија) Горњик Забже (Полска) и Михаловице (Словачка), но никаде не остави посебен впечаток.
Универзитатеа Крајова се надева дека младиот напаѓач конечно ќе блесне во новата сезона во Романија.