Поранешниот тренер на Хадерсфилд, Давид Вагнер е нов тренер на бундеслигашот Шалке, со надеж дека ќе го крене клубот од Гелзенкирхен по катастрофалната сезона.
Вагнер си замина од Хадерсфилд во јануари оставајќи го клубот на последното место на Премиер лигата, но ќе добие шанса во клубот каде што играше две сезони со тригодишен договор.
„Давид Вагнер совршено одговара на профилот на тренер кој ни е потребен – човек со напаѓачка фудбалска филозофија, кој знае да создава тим со својот авторитет“, изјави спортскиот директор на Шалке, Јохен Шнајдер.
Вагнер, кој е поранешен јуниорски репрезентативец на Германија кој подоцна настапуваше за американската фудбалска репрезентација, направи име како помошник-тренер на Јирген Клоп во Борусија Дортмунд од 2011 до 2015 година. Тој успеа Хадерсфилд да ги врати во Премиер лигата во 2016 година, пред следната сезона да им обезбеди опстанок.
More info here ? https://t.co/GAw58Yle7C
— FC Schalke 04 (@s04_en) May 9, 2019