Top Sport

Давиде Никола со патика во раце ги мотивираше фудбалерите на Салернитана

Тренерот на Салернитана, Давиде Никола очигледно има најдено „рецепт“ како да ги мотивира и дисциплинира своите фудбалери, откако ги предводеше до трета победа едноподруго, овојпат со 2:1 над Фиорентина за да си ги зголемат шансите за опстанок во Серија А.

Никола успеа да слави и да се смири на крајот на мечот, но додека траеше акцијата, италијанскиот тренер со патика во раце бесно им даваше инструкции на играчите, а во еден момент по шанса за Фиорентина, дури ја фрли својата патика.

Страста на крај донесе резултати – ова е првпат во историјата на клубот од Салерно да забележат три победи еднопоруго во Серија А.

Scroll to Top