Top Sport

Ѓоковиќ стравува дека е болен, но ќе работи да биде подготвен за Париз

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите фанови, откако по колапсот во третиот сет и 6:2/6:7(4)/6:0 поразот од Андреј Рубљов во финалето на Србија опен во Белград, изјави дека стравува дека е болен и дека затоа губи енергија во клучните моменти, откако на турнирот одигра три меча во три сета.

„Штета што останав без енергија во третиот сет и не можев да пружам отпор. Честитки за Андреј, кој заслужено подолго време е при врвот на машкиот тенис. Уморен сум, а можев да испаднам и во првото коло. Имав три тешки меча во три сета, но тоа ќе ми помогне понатаму. Целта е Париз и се надевам дека ќе бидам подготвен. Никогаш не ми се случувало ова, освен можеби на почетокот на кариерата. Затоа мислам дека е поврзано со некоја болест, а можеби е време опоравувањето да трае подолго. Не се чувствував лошо до вториот сет и мислев дека сум подготвен, но имав сила само за еден два гема. Знам дека тоа не е пријатно за гледачите, но толку можев. Не е КОВИД, ова е нешто друго. Не сакам да навлегувам во детали, бидејќи не е поребно, но телото и метаболизмот не ми се најдобри последните неколку недели. Не се работи само за телото, туку нешто влијае на мене“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот.

Scroll to Top