Top Sport

Давор Здравковски е нов фудбалер на шкотскиот Мадервел

Македонскиот репрезентативец Давор Здравковски е нов член на шкотскиот премиерлигаш Мадевел, комплетирајќи го трансферот од кипарскиот АЕЛ Лимасол, потпишувајќи двегодишен договор. 25-годишниот Здравковски, кој произлезе од Македонија Ѓорче Петров, од 2017 година играше на Кипар.

„Ова е ново поглавје за мене и нов предизвик. Едвај чекам да почнам со работата и да се запознаам со навивачите на клубот“, вели Здравковски, кој ќе го носи дресот со број 17.

Здравковски е втор Македонец во шкотската лига по Бојан Миовски кој имаше одлична сезона со Абердин.

Scroll to Top