Top Sport

(Видео) Мбапе се врати со гол, ПСЖ го победи Ле Авр

Пари Сен-Жермен стигна до 2:0 победа над Ле Авр во првиот пријателски меч ова лето, за прва победа на тимот под водство на Луис Енрике, а незадоволниот Килијан Мбапе одигра дваесетина минути и постигна еден гол.

Иго Екитике го отвори резултатот во 54. минута од мечот, пред Мбапе да ја комплетира победата во 91. минута.

Ова беше прва шанса Енрике да ги види во акција новите засилувања Марко Асенсио, Лукас Ернандез и Мануел Угарте.

Scroll to Top