Top Sport

Де Брујне го „спасуваше“ Сити, Њукасл даде два гола во продолжение за реми со Евертон (видео)

Кевин де Брујне имаше совршена аситенција до Серхио Агуеро, за Манчестер сити дури во 73. минута од мечот да го скрши отпорот на Шефилд јунајтед и да забележи 1:0 победа во 24. коло од Премиер лигата. Ова беше неверојатна 15. асистенција за гол на Белгиецот во Премиер лигата оваа сезона, најмногу од топ 5 лигите.

А мечот можеше да биде многу полесен за тимот на Пеп Гвардиола, откако во 36. минута беше досуден пенал за „граѓаните“ по еден пробив на Ријад Марез, но Габриел Жесус се покажа како слаб реализатор, бидејќи голманот Дин Хендерсон му ја „фати жива“ топката.

Стартот од соништата на Карло Анчелоти на клупата на Евертон доживеа зачудувачки крај, откако „карамелите“ водеа со 2:0, пред Њукасл да постигне два гола во 94. и 96. минута за да извлече реми на „Гудисон парк“.

Моисе Кин во 30. минута и Доминик Калверт-Луин во 54. минута најавија нова победа на „обновениот“ Евертон, меѓутоа гостите не мислеа така. Французинот Флориен Лежун со два гола во судското продолжение донесе значаен поен за тимот на Стив Брус.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 24.КОЛО

Астон вила – Вотфорд 2:1

Бурнмаут – Брајтон 3:1

Кристал палас – Саутемптон 0:2

Евертон – Њукасл 2:2

Шефилд јунајтед – Манчестер сити 0:1

ЕВЕРТОН – ЊУКАСЛ

БУРНМАУТ – БРАЈТОН

КРИСТАЛ ПАЛАС – САУТЕМПТОН

Scroll to Top