Top Sport

Унгарија не даде гол последните 13 минути, сега Словенците имаат убава шанса(видео)

Иако веќе беа „отпишани“ од Европското првенство во ракомет, Швеѓаните им ги заматија сметките на Унгарците, победувајќи со 24:18 во меч во кој главна улога имаа голманите и во кој Унгарија не успеа да постигне гол во последните 13 минути од мечот.

Овој резултат исто така ги става Унгарците во ситуација во која ќе мораат да ја победат Португалија во последниот меч за да се пласираат во полуфинале и тоа само доколку Словенија не успее да извлече барем поен против Норвешка. Доколку Словенија и Унгарија имаат ист број на поени (односно Унгарците ја победат Португалија, а Словенците загубат од Норвешка), во полуфиналето ќе биде Унгарија поради тоа што во меѓусебниот дуел ги победија Словенците.

Унгарците први поведоа, но во текот на целото прво полувреме беа уфрлени само 19 голови, и Швеѓаните имаа минимална предност од 10:9. Играта беше идентична до средината на второто полувреме, но тогаш од 47. минута (кога беше 18:18), Унгарците не постигнаа ниту еден гол во последните 13 минути и доживеаја „потоп“ од 24:18.

Џим Готфридсон и Лукас Пелас беа најефикасни за Швеѓаните со по пет постигнати голови, додека Золтан Сита имаше четири гола како најефикасен Унгарец.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2. ФАЗА, ГРУПА 2

Португалија – Словенија 24:29 (15:14)

Норвешка – Исланд 31:28 (19:12)

Унгарија – Шведска 18:24 (9:10)

Scroll to Top