Top Sport

Се јави Де Брујне, има скршеница на носот и на очната празнина

Белгиската ѕвезда на Манчестер сити, Кевин де Брујне потврди дека добил скршеница на носот и на очната празнина по страшниот судир со Антонио Ридигер во финалето на Лигата на шампионите против Челси во Португалија.

Де Брујне во солзи мораше да биде заменет во мечот по повредата, и сега се јави на Твитер со порака по заминувањето од болницата во Лисабон.

„Здраво момци, само што се вратив од болница. Дијагнозата е скршеница на носот и на левата орбита. Сега се чувствувам добро. Уште сум разочаран за вчера, но секако, ќе се вратиме посилни“, напиша Белгиецот.

Не е јасно дали повредата ќе го спречи Де Брујне да настапи за Белгија на Европското првенство ова лето.

Scroll to Top