Top Sport

Де Брујне повторно се повреди

Белгиецот од Манчестер сити, Кевин де Брујне, сезонава нема среќа со повредите. Тој неодамна се врати во тимот на Сити откако два месеци паузираше поради повреда, а се чини дека го очекува нова пауза откако предвреме го заврши Куп натпреварот против Фулам.

Дефанзивецот на Фулам, Фосу-Менса, по еден дуел со својата цела тежина паднал врз коленото на Де Брујне.

Во текот на денот се очекува Манчестер сити да излезе со соопштение околу повредата на Белгиецот.

Кевин Де Брујне од почетокот на сезоната веќе пропуштил десет натпревари. Мечот против Фулам беше четвртиот што го одигра по повредата.

Scroll to Top