Top Sport

Де Брујне стана „крал на асистенциите“ во Сити поминувајќи го Давид Силва

Фантастичниот белгиски креативец на Манчестер сити, Кевин де Брујне влезе во историјата на „граѓаните“, откако по асистенцијата до Фил Фоден за 2:0 против Саутемптон на „Етихад“ го сруши рекордот на клубот по бројот на асистенции.

Де Брујне сега има 95 асистенции во Премиерлигата, со што го помина Давид Силва, човекот кој долги години беше „мотор“ на тимот на Пеп Гвардиола.

Со оваа асистенција тој исто така е на петтото место на вечната табела во Премиерлигата зад Рајан Гигс (162), Цеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102).

Scroll to Top