Top Sport

Чаби Алонсо со совршен старт на клупата на Леверкузен, „настрада“ Шалке

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Ливерпул и Реал Мадрид, Чаби Алонсо имаше совршен старт на кариерата како тренер во Бундеслигата, откако неговите Баер Леверкузен ги декласираа Шалке со 4:0 за само втора победа оваа сезона.

Муса Дијаби во 38. минута постигна апсолутно прекрасен гол од далечина, за само две минути подоцна младиот Џереми Фримпонг да зголеми на 2:0. Фримпонг во 52. минута ги зголеми на 3:0, за во 90. минута Паулињо да ги постави конечните 4:0.

Со трите поени, „фармацевтите“ излегуваат од зоната на испаѓање и се на 14. место со 8 поени, додека таму се Шалке по трите порази во низа, на 16. место со шест освоени поени.

БУНДЕСЛИГА, 9.КОЛО
Баер Леверкузен – Шалке 4:0
Аугзбург – Волфсбург 1:1
Бохум – Ајнтрахт Франкфурт 1:0
Мајнц – РБ Лајпциг 1:1

Scroll to Top