Top Sport

Џеко како Пандев и Пелисиер, Интер ја прекина лошата серија

Босанскохерцеговскиот ветеран Един Џеко беше најдобар кога беше најпотребно за Интер, постигнувајќи два гола за тешко извојувана 1:2 победа на гости кај Сасуоло, со која се прекина лошата серија од два меча без победа на тимот на Симоне Инзаги.

Со двата гола, Един Џеко стана третиот најстар играч кој стигна до својот 100. гол во историјата на Серија А на 36 години и 205 дена, со што е само зад Горан Пандев (кој имапе 37 гола и 268 дена на 21 април 2021) и Серџо Пелисиер (кој имаше 37 години и 243 дена на 11 декември 2016).

Џеко во 44. минута им донесе важно водство на „нераѕурите“, но во пасивното второ полувреме за гостите, Давиде Фратези успеа да израмни во 60. минута од мечот. Кога беше најтешко, Џеко во 75. минута по асистенција на Мхитарјан донесе три поени за Инзаги, за попуштање на притисокот по лошиот старт на сезоната, заедно со 1:0 победата над Барселона во Лигата на шампиони.

Интер сега се на 7. место во Серија А со 15 поени, пет зад лидерите Наполи и Аталанта, кои имаат меч помалку, додека Сасуоло се деветти со 12 поени.

Scroll to Top