Арсенал, во неделата, го освои Комјунити Шилд. „Топџиите“ во последните секунди, во 101. минута изедначија, а потоа на пенали го победија Манчестер сити. .„ Граѓаните“ трет пат по ред останаа без трофеј во натпреварот со кој официјално започнува сезоната во Премиер лигата.
Клубот од Манчестер водеше со 1:0 до судиското надополнување, судијата навести дека ќе се играат уште осум минути, а Топџиите постигнаа гол во 11. минута Тросар шутираше, Аканџи ја одби топката во сопствената мрежа.
Премиер лигата неколку месеци претходно најави дека, како и на Светското првенство, судиското надополнување на времето ќе трае значително подолго.
Судиите го мерат времето кога топката не е во игра за секунда и потоа целосно го надополнуваат за да одиграат што е можно поблиску до цели 90 минути.
Кој губи има право да се лути, па дури и асот на Сити Кевин де Бруин го критикуваше новото правило:
„Претпоставувам дека сега ќе играме дополнителни 15 минути на секој натпревар, тоа кажува се. Разговаравме со играчите на Арсенал, дури и со судиите. Тие не ни сакаат да го прават тоа, но тоа е новото правило и така е. Можете само да погодите што ќе се случи ако играте со полош тим кој цело време краде време. Мислам дека ако играме со Севилја во Суперкупот на УЕФА во среда и имаме 15 до 20 минути прекини, а потоа играме повторно во сабота дома против Њукасл, тоа е како да играме две продолженија. Ќе видиме како ќе биде, но мислам дека нема смисла“.
По натпреварот и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, го критикуваше новото правило со зборовите: „Можеби некогаш ќе заглавиме на теренот до 9 сабајле“.