Тренерот на Атланта јунајтед, Франк де Бур вели дека одлуката на Холандската фудбалска репрезентација да се даваат исти средства на репрезентативците во машка и женска конкуренција од 2023 година е „вистинска глупост“.
Светското првенство во женска конкуренција во Франција ова лето помина со барање на идентична плата за мажите и жените во фудбалот, за што најгласни беа американските фудбалерки Меган Рапино и Алекс Морган.
Поранешниот тренер на Интер и на Кристал палас, Де Бур вели дека машкиот фудбал уште е драстично попопуларен од женскиот и дека затоа мажите заслужуваат повеќе пари.
„За мене тоа е смешно и глупаво. Погледнете го финалето на Светското првенство – 500 милиони гледачи за машкото финале и 100 милиони за женското. Тоа е разликата. Така што воопшто не е исто. Секако, и фудбалерките заслужуваат да заработуваат. Ако женскиот фудбал стане популарен како и машкиот, ќе има повеќе пари, бидејќи рекламите ќе одат таму. Но, сега не е така и зошто мора да се плаќа исто. Не го сфаќам тоа“, вели Де Бур.