Top Sport

Де Бур за изборот на неговиот брат: Кројф би се превртувал во гробот!

Роналд де Бур признава дека како и поголемиот дел од холандската јавност е изненаден од 5-3-2 формацијата на неговиот брат, селекторот Франк де Бур, објаснувајќи дека „Јохан Кројф би се превртувал во гробот кога би ја видел формацијата“, но додава дека може да се игра и на таков начин.

Холандија, фаворитот во нашата група Ц на ЕУРО 2020 покрај Австрија и Украина, одигра само 2:2 со Шкотска во пријателскиот меч со Шкотска, кога постигнаа гол во финишот на натпреварот. Ова предизвика бура реакции на фановите, посебно бидејќи тие играа дефанзивна формација наместо традиционалната „холандска“ 4-3-3.

„Да, Јохан Кројф би се превртувал во гробот да го види ова. Но, исто така би го правел тоа кога би видел како игра Барселона под Роналд Куман. Ова е атрактивен систем и важно е како да го поставиш. Кога имаш двајца опасни противници пред себе, корисно е да ставиш некого меѓу двајцата централни дефанзивци. Така имаш некоја сигурност и можеш да играш офанзивно“, вели Роналд де Бур.

Холанѓаните денеска го играат својот втор пријателски меч пред ЕУРО 2020 против Грузија.

Scroll to Top