Top Sport

Де Хеа би можел да заврши во Севилја

Севилја е заинтересирана за поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа. Договорот на 32-годишниот фудбалер истече и не беше продолжен. Тој би можел да потпише со Андалузијците како слободен играч.

Севилја моментно го има Јасин Бону, но за него има сериозен интерес од Пари Сен Жермен и од Баерн Минхен. Доколку дојде до трансфер на Мароканецот, клубот од „Рамон Санчез Пижуан“ планира да го замени со Де Хеа.

За Де Хеа се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија, но засега тој преферира да остане во Европа.
Шпанецот помина 12 години на „Олд Трафорд“ откако дојде во клубот од Атлетико Мадрид во 2011 година. За „црвените ѓаволи“ одигра 545 меча.

Scroll to Top